Доколку е неопходно Германија ќе го блокира присоединувањето на Бугарија и Романија во Шенген зоната, вели шефот на германската дипломатија Ханс-Петер Фридрих во интервју за „Шпигел“. Се планира одлуката по тоа прашање да биде донесено идната седмица на седницата на Советот на ЕУ на ниво на министри за внатрешни работи во Брисел. Според германскиот министер, намерата на Софија и Букурешт да се присоединат кон безвизната зона „ќе претрпе неуспех поради ветото на Германија“.
– Граѓаните поддржуваат проширување на Шенген зоната, само ако бидат исполнети сите услови. Досега тоа не се случи, изјави Фридрих.
Министерот ја даде изјавата откако беа објавени статистички податоци според кои 70 проценти од Германците го поддржуваат воведувањето на ограничувања за миграција од земји-членки на ЕУ.
Ако во 2007 година во Германија живееја 64.000 бегалци и имигранти од Бугарија и Романија, најмногу Роми, во моментот нивниот број е 180.000. Германците стравуваат дека со присоединувањето на двете земји кон безвизниот режим, бројот на имигранти уште повеќе ќе се зголеми, што ќе доведе до уривање на германскиот социјален систем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


