
Милитантите од Исламската држава постирале видео на кое се гледа како му ја отсекуваат главата на заробен курдски војник во Ирак. Преку видеото, ги предупредуваат курдските лидери во Ирак да ја прекинат воената соработка со Соединетите Држави. Според пишувањата на медиумите, во новата снимка обраќањето е изведено на арапски јазик, а на неа е прикажан курдски заробеник кој зборува на микрофон. По неговото обраќање џихадистите со нож пред голема џамија во Мосул ѕверски му ја отсекуваат главата.
Снимката се појавила по само неколку часа откако претходно беше објавена снимка од масовно убиство на курдски војници во Сирија. Видеото било именувано како „втора порака до Америка“.
Според Daily Mail, со оваа порака џихадистите сакаат да им порачаат на САД дека доколку продолжат да ги поддржуваат Курдите, тие ќе продолжат да убиваат заробеници на ѕверски начин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


