| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Бранко, ти си политички противник каков што се посакува

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на претставувањето на сите кандидати за градоначалници, директно се обрати на Бранко Црвенковски.

„Ти Бранко, најмногу ни одговараш за претседател на СДСМ. Со твоето минато од менувањето на името, октоподот и пирамидалните штедилници, приватизацијата и создавањето олигарси, лагите за нови вработувања, а потоа десетици илјади нови стечајни работници, криминалот.. Ти Бранко си политички противник каков што може да се посака. Убаво што најавуваш дека ќе останеш во политиката, но ние посакуваме да те гледаме на чело на СДСМ уште долго време.“

Во однос на вчерашните и завчерашните протести, Груевски прстот го посочи кон Црвенковски.

VMRO kandidati lokalni 2013_0024

„За да остане доследен на карактерот го прикрие, дента кога го прифати својот дебакл, преку својот платеник за ситни пари наречен Стојанче, попладнето за да се дефокусира јавноста по двомесечното малтретирање на граѓаните, испрати 500-600 луѓе кои со насилство се обидоа да протестираат за назначувањето на Талат Џафери за министер за одбрана. Со тој смислен акт успеаја да предизвикаат вчера и контрапротести  и живи среќни се радуваат дека ја смениле темата во јавноста. Луѓето да не дискутираат за што беше ова малтретирање и лажење, туку дали заменик министерот за одбрана поставен во време на СДСМ сега смеел да стане министер и дали партијата ДУИ која лично Црвенковски ја внесе во политичкиот живот и чии екскоманданти прв бездвопумење ги постави за министри и директори и со тоа воспостави пракса во земјата и стекјнато право на ДУИ; иво 2004 им излезе во пресрет со Кичево, Струга и Скопје; дали сеа тоа ДУИ треба или не треба да предлага кадри во Владата!? За да се спаси срамот на Бранко завчера мораше да се крши низ улиците, а вчера гореше автобус, да се повредат полицајци и неколку часа да има хаос. Тоа што со војската во Македонија командува Генералот на АРМ и претседателот на државата, а не министерот за одбрана, никој не стигна да го искоментира. А пак, глумењето на Бранко, Андреј и на Заев дека ни тие ниту бетон пратениците живи нема да се вратат во парламентот, стана стара тема.

Од оваа говорница сакам да му порачам на Бранко. Армијата на Република Македонија му служи и ќе му служи само на народот и на државата. Независно кој е министер или заменик министер. Додека на власт е ВМРО-ДПМНЕ  и додека јас сум премиер таа армија ќе биде во служба на одбраната и интересите на Македонија и на македонскиот народ“, рече на промоцијата на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ премиерот и лидер на партијата Никола Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top