Лидерот на германската Партија на зелените, Џем Уздемир го прифати ледениот предизвик, но тој би можел да го доведе во непријатна ситуација.
Полицијата, имено, на снимката за хуманитарна кампања крај него забележа стебло на канабис, билка чие одгледување во Германија е забрането.
Политичарот предизвикот го одработил на терасата на врвот на зградата во Берлин каде што живее, но не е јасно дали бил свесен за фактот дека покрај него е контроверзната билка.
Од тој момент, го користи инцидентот за да повика на либерализацијата на Законот за канабис во Германија.
Тој истакна дека неговата партија се залага за слобода и дека снимката е „ненаметлива политичка порака“. Исто така, порача дека „конзумирањето марихуана покрај свеста за опасноста на која поединецот се изложува, е неговиот личен избор, а живееме во слободно општество“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



