| четврток, 6 декември 2018 |

Го прегазиле Лука правејќи „селфи“

blic

Девојката која била во автомобилот што го удри и го усмрти младиот српски тинејџер Лука Јовановиќ, вчера, на сослушување во полиција рекла дека во автомобилот сите биле весели и среќни. Таа зела телефон да направи селфи во моментот кога го прегазиле младото момче на Бранковиот мост.

Тамара Богдановиќ, обвинета за прекривање на злосторство изјавила дека има видео запис од несреќата во траење од две секунди, и друга снимка од 20 минути, бидејќи се снимале пред да се случи несреќата, а видеото од две секунди е од моментот кога тие си правале селфи, и кога според сооучесничките се случила и несреќата.

-Н а снимката не се гледа несреќата, но се слуша како јас му велам на Марко „Застани“, а Тамара вели „Полека, полека“, на што тој одговори „Не можам сега, мораме да одиме“. Тие снимки ги избришав од својот телефон, но ги префрлив на УСБ и ќе ги доставам до судот, изјавила Милица Новаковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top