Како што пишуваат српските медиуми, на Наташа Беквалац во понеделникот и стигнала тужба со која насилникот Лука Лазукиќ бара пејачката целиот имот да го подели со него. Доколку тоа не го направи, Лука бара да му исплати пари во вредност на најлуксузен стан во Белград.
Изгледа не му е срам и покрај тоа што против него е подигнато обвинение за претепување на сопругата, од неа да бара се што има, а многу од имотот го стекнала пред бракот.
Имено, како што пишува во тужбата против Наташа, Лука сака да стане косопственик на сите недвижнини на Наташа, што подразбира дека Наташа со него треба да го подели станот во Дедиње и вилата во Ченеј и се друго што поседува и што го стекнала за време на животот.
Доколку таа не се согласи на тоа, Лука бара пејачката да му исплати 160.000 евра, поточо пари во вредност на најлускузен стан во Белград.
Како причина за ваков шокантен потег го навел вложувањето за време на брачната заедница од неколку месеци.
Она што е најбизарно е што Лука ги приложил апослутно сите сметки кои ги чувал откако стапил во брак со Наташа, што имплицра на тоа дека Лазукиќ ги чувал сите фискални сметки кои сега му служат да ја уценува Наташа.
Лука од судот бара и полно старателство над ќерката Катја. Како што навел во тужбата, пејачката ќе може да ја гледа ќерката еднаш неделно, и плус тоа ќе треба да плаќа алиментација за Катја.
Со оглед на тоа дека на Наташа не и паѓа на памет старателството да го препушти на насилникот и сметајќи дека дететото апосолутно треба да биде со мајката, остро ќе се противи на оваа тужба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кога ќе го слушнам зборот мажење, се вртам да видам кој ме бара: Беквалац скокна како попарена!
-
Наташа Беквалац имала сообраќајка, во автомобилот било и бебето!
-
Веќе не плачам, јас своите солзи ги исплакав: Наташа Беквалац проговори за тешкиот период!
-
Гледаше во мене и рече, ќе те е*еме: Наташа повторно нападната!