
Девојката која била во автомобилот што го удри и го усмрти младиот српски тинејџер Лука Јовановиќ, вчера, на сослушување во полиција рекла дека во автомобилот сите биле весели и среќни. Таа зела телефон да направи селфи во моментот кога го прегазиле младото момче на Бранковиот мост.
Тамара Богдановиќ, обвинета за прекривање на злосторство изјавила дека има видео запис од несреќата во траење од две секунди, и друга снимка од 20 минути, бидејќи се снимале пред да се случи несреќата, а видеото од две секунди е од моментот кога тие си правале селфи, и кога според сооучесничките се случила и несреќата.
-Н а снимката не се гледа несреќата, но се слуша како јас му велам на Марко „Застани“, а Тамара вели „Полека, полека“, на што тој одговори „Не можам сега, мораме да одиме“. Тие снимки ги избришав од својот телефон, но ги префрлив на УСБ и ќе ги доставам до судот, изјавила Милица Новаковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Селфито уби 259 луѓе
-
На Наташа ѝ се заканувал другар на Лука, судирот го спречила полицијата: За малку избегната драма пред Центарот за социјална работа!
-
Гиро, ѕаѕики и пет светилки: Ѕирнете во бизарниот список поради кој Лука од Наташа бара 160.000 евра
-
Лука бесрамно ја уценува Наташа: Ѝ бара половина од целиот имот и старателство над Катја


