| четврток, 6 декември 2018 |

Холандија и Германија апсат џихадисти

Jihad flag Gobot festival EnschedeХоландските и германските полиции уапсиле тројца холандски државјани за поттикнување омраза и регрутирање на екстремисти за борбите во Ирак и Сирија. Во Германија се уапсени 32-годишен маж и 24 годишна жена од Хаг, а ден порано во Хаг е уапсен уште еден маж на 24 години, соопшти полицијата.

Сите тројца ширеле омраза преку интернет и социјалните мрежи и планирале терористички напади, а се сомнева и дека регрутираните борци да ги праќаат во Ирак и во Сирија. Во Холандија се претресени четири куќи, а се додава дека мажот и жената се брачен пар.

Еден од уапсените учествувал и во демонстрациите во Амстердам во јули, кога дел од учесниците извикувале „смрт за Евреите“ и виореле црни знамиња на џихадистите. Според проценките на холандската полиција 130 нивни дравјани се борат во Ирак и во Сирија. 30 се вратиле дома, а 14 загинале.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top