| четврток, 6 декември 2018 |

103-годишен Јапонец го предизвикува најбрзиот на светот Јусеин Болт (видео)

mijazaki2-500Јапонецот Хидекичи Мијазаки наскоро ќе наполни 104 години, а со 29,83 секунди го држи светскиот рекорд на сто метри за стогодишници.
-Би сакал да се тркам со Болт, изјавил Мијазаки за новинската агенција АФП по неодамнешната трка во Кјото.

-Својот сон го живеам во стварност. Сакам да останам во топ форма, дисциплиниран и здрав. Тоа е важно за секого, дури и за Јусеин Болт, изјави Мијазаки.

Тој е роден во 1910-та година, кога Јапонија ја припои Кореја, кога Титаник се уште беше во процес на изградба.
Овој 103 годишен Јапонец му даде „неколку совети“ на најбрзиот човек на планетата.

-Моето тело е мало, така што морам да внимавам што јадам, изјави Мијазаки кој е висок едвај 153 сантиметри и тежиу 42 килограми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top