| четврток, 6 декември 2018 |

Распишана потерница по осомничениот за убиството во Охрид

ohrid 2
На барање на Основниот суд Охрид, Министерството за внатрешни работи преку Бирото на Интерпол – Скопје распиша меѓународна потрага по Бојан П. (30) од Охрид, осомничен за сторено кривично дело „убиство“.

На 21 август 2014 година околу 23 часот и 20 минути во Охрид, во хотелот „Император“, осомничениот Бојан ги застрела сопственикот на хотелот Васил Р. и Ромео Ѓ. (1976).

Според досегашните сознанија, Бојан заедно со Р.С. од Охрид, отишол во хотелот каде почнал расправија со Ромео околу паричен долг, по што извадил пиштол и пукал кон него. Ромео, повреден, станал и бегал кон рецепцијата, каде се наоѓал сопственикот Васил, при што Бојан повторно пукал, погодувајќи го и Васил. По настанот, Бојан и Р.С. избегале со патничко возило „БМВ“, се наведува во соопштението од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top