| четврток, 6 декември 2018 |

Почина српскиот полицаец, кој беше ранет на границата со Косово, во инцидентот загина и еден Албанец

merdareСрпскиот полицаец, кој беше ранет во пределот на главата изутрината во три часот во престрелка на граничниот премин Мердаре, меѓу Србија и Косово, почина во Военомедицинската болница во Белград, јавија српските медиуми.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ нареди во регионот да бидат испратени зајакнати полициски единици, кои ќе го заштитат животот на полицајците и локалните жители, како и интересите на Србите.

– Србија нема да ги толерира терористичките напади на своја територија и полицијата најостро ќе одговори на секој напад, изјави тој.

Министерот изрази сочувство до семејството на починатиот 30-годишен полицаец, кој беше погоден во пределот од главата од истрел, кој дошол од косовската страна.

Во престрелката синоќа покрај преминот Мердаре е убиен и еден Албанец, чие тело се уште е на местото на настанот.

Весникот „Блиц“ јави дека уште еден Албанец е ранет во инцидентот.

Престрелката почнала синоќа, кога пограничната полиција забележала Албанци, кои незаконски сечеле дрва во шумата покрај Куршумлија. Албанците отвориле оган од автомаско оружје кон полицајците, додава „Блиц“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top