| четврток, 6 декември 2018 |

НАТО не планира да го намали својот контингент на Косово

GERMAN TURKISH NATO TROOPS
И покрај сериозните предизвици на Блискиот Исток и украинската криза НАТО не планира да го намали својот контингент на Косово, изјави денеска за Танјуг висок дипломат од Алијансата, кој побарал анонимност.

– Воените сили на НАТО на Косово имаат јасен мандат од Советот за безбедност на Обединетите нации, а Албанците и Србите, сакаат тие да останат, рече дипломатот.

Тој оцени дека мисијата на КФОР е успешна и додаде дека не очекува на престојниот самит на НАТО во Велс да биде иницирано нејзино преразгледување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top