| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Со ребалансот се обезбедени дополнителни 17 милиони евра за Коридорот 10

koridor8 01
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека со ребалансот се обезбедени дополнителни 17 милиони евра за Коридорот 10 поради интензивирање на градбата.

– Истовремено во овој период од годината се реализираа и повеќе проекти за подобрување на инфраструктурата во образованието, здравството, комуналната инфраструктура, како и реконструкција на здравствени објекти, информира владејачката партија, реагирајќи со соопштение на обвинувањето на СДСМ дека со ребалансот се зголемува долгот на државата.

ВМРО-ДПМНЕ додава и дека Владата претходно ги зголеми пензиите и социјална помош за 5 проценти.

– Ние работиме и создаваме вредности, а СДСМ наместо да зборува напразно може да се зафати со работа. Нејзините пратеници чие место е во Собрание сега седат дома и земаат пари за ништо, за безделничење, така не се работи, стои во пишаната реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно СДСМ обвини дека граѓаните на Македонија ќе бидат задолжени за 320 милиони евра доколку се земе во предвид вкупниот дефицит за 2014 година.Велат контрадикторно е тоа што зголемувањето на дел од буџетскиот дефицит се оправдува со потребата од пари за изградба на Коридорот 10, а од друга страна со Ребалансот се намалуваат парите за капитални проекти за 21 милион евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top