Предвидено е да има пет мостови и два тунели. Во моментов се врши пробивање на тунелските цевки на првиот тунел, а вкупната должина на тунелот изнесува 1,2 километри.
-Работите на делницата од автопатот Демир Капија-Смоквица се одвиваат одлично и со побрза динамика од предвиденото. Досега беше планирано да бидат завршени 7,9 % од работите, а завршени се над 11 %. Во оваа фаза потрошени се 24 милиони евра, а до крајот на годинава е планирано да бидат потрошени 55 милиони евра. За наредната година исто така е планирано да се потрошат уште 55 милиони евра и уште 60 милиони евра до завршување на проектот, изјави премиерот на Република Македонија, Никола Груевски.
Проектот е сериозна инвестиција во вкупна вредност од 220 милиони евра. Со завршување на оваа делница ќе биде завршен автопатот од границата со Србија до границата со Грција.
Ова е многу значајна инвестиција во инфраструктурата, изјави Груевски, а додаде дека ова е само еден дел од инвестициите кои се прават во инфраструктурата во Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски