Сингапурската зоолошка градина денеска соопшти дека пред две недели, со помош на инјекција, бидејќи боледувал од рак на коските, бил усмртен еден од двата бели тигрови, кои пред 12 години биле добиени како специјален подарок од Индонезија.
Белиот тигар, по име Вини бил атракција не само за посетителите на зоолошката градина во Сингапур, туку и за научниците, кои се уште спорат за генетските причини поради кои белиот тигар се издвојува од својот род.
Белите тигри се еден од најретките животински видови. Нивното потекло е од индиската област Бенгал и тие со векови се третираат како митолошки животни. Ретко кој може да се пофали дека навистина во природа видел бел тигар.
Според никогаш непотврдени територии, бели тигри има и во Сибир. Факт е дека ни еден примерок од овој вид тигрови никогаш не е уловен, ниту е пронајден негов леш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.