Терористите од групата Исламска држава (ИД) ги кренаа во воздух сите мостови на реката Тигар во центарот на ирачкиот град Мосул, соопшти денеска ирачката воена команда.
Претходно, „Скај њуз Арабија“ јави дека специјални сили на ирачката армија заедно со полицијата презеле контрола над еден од петте мостови на реката Тигар во Мосул. Владините сили на 8 јануари стигнаа до левиот брег на реката.
Мосул е административен центар на провинцијата Ниневија и повеќе од две годинии беше под контрола на ИД. Копнената офанзива за ослободување на градот од ИД почна во октомври. Во офанзивата учествуваат владини сили, ирачки платеници и курдските воени формации пешмерги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.