Мексикански инспектори пронашле младенче од тигар во пакет испратен по брза пошта. Како што наведуваат локалните медиуми, никој не претпоставувал дека во пакетот се наоѓа тигар, се дури кучињата трагачи не го надушкале.
Тигарчето е „испратено“ од засега непознато лице од мексиканската сојузна држава Халиско, а било адресирано до сојузната држава Керетаро. Животинчето било дехидрирано, и веднаш е предадено во центар за заштита на животни. Моментно е во стабилна состојба.
„Пратката“ ги имала сите неопходни документи, но сепак е запленета, оти според мексиканските закони, испраќањето на животни по брза пошта е забрането. Истрагата е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.