Светиот Синод на СПЦ денеска одлучи да поведе црковно-судска постапка против архиепископот Стефан, поглаварот на „Македонската Православна Црква“, која се наоѓа во раскол со Православната Црква, известија од кабинетот на поглаварот на СПЦ.
Во одлуката на Синодот на СПЦ меѓу другото се вели:
„Постапката е и поради упорното останување во раскол, нехристијанското учество во прогонот на Архиепископот Јован, канонскиот поглавар на автономната Охридска Архиепископија, и неговото свештенство, монаштво и верен народ, како и заради низа други антиканонски активности“ се вели во известувањето за јавноста од СПЦ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.