| четврток, 6 декември 2018 |

Јоветиќ: Ова ми се најдобрите моменти во Англија

Црногорскиот репрезентативец и напаѓач на Манчестер Сити, Стеван Јоветиќ синоќа блесна во победата на неговиот тим над Ливерпул со резултат 3-1.

Тој постигна два гола во триумфот на „граѓаните“, а по натпреварот изјави дека ова му се најубавите денови во Англија.

– Игравме многу добро. До сега немав многу убави моменти во Сити, пред се поради повредата минатата сезона, но сега е друго – изјави Јоветиќ.

Црногорецот од доаѓањето во Манчестер одигра само 13 натпревари, а постигна 3 гола. Пред неколку месеци освои и титула, а желба му е и на крајот од оваа сезона да се радува.

– Мојата цел е со овие играчи да освоиме уште една титула. Тешко е да се избори место во овој тим и да го сочуваш – додаде Јоветиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top