| четврток, 6 декември 2018 |

Албанец убиен пред џамија поради крвна одмазда!

Пукотници од пиштол ја прекинале петочната молитва во џамијата во Сент Гален, Швајцарија. Српскиот државјанин (52) од пиштол стрелал во Меметакиј В. (52) од Албанија.

Инцидентот се случил во џамија за време на петочната молитва, а Меметакиј повеќепати бил застрелан и починал на самото место.

Името на напаѓачот не е соопштено, а наведено било дека е државјанин на Србија со албанско потекло. Тој веднаш бил уапсен, но убиството го признал откако бил испрашуван од страна на инспекторите.

Исламскиот центар во Швајцарија остро го осудиле инцидентот, за кој се смета дека бил епилог на 18-годишна расправија, која како што се наведува немала политичка ниту религиска заднина.

Швајцарските медиуми пишуваат дека убиениот Албанец пред 19 години со нож го убил братот на српскиот државјанин, кој му се одмаздил во петокот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top