| четврток, 6 декември 2018 |

И село Дебреште посетено од високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ

 

Тим на ВМРО-ДПМНЕ, составен од функционери во извршната и законодавната власт вчера го посети селото Дебреште во општината Долнени. Преставникот од највисокиот партски орган ИК, Ашим Зеќироски, пратениците Алим Билали и Исмајлоска Нола ги продолжија своите посети низ Република Македонија во средините кадешто преовладува муслиманско население.

Со зачестеноста на нивното присуство и најавени редовни посети се покажува дека ВМРО ДПМНЕ не само што не ги заборавила овие краишта, туку преку партиски функционери сака добро да се запознае со нивното секојдневие, проблеми, идеи…

10494597_10202521377221862_1374533664866341167_n

Голем број на граѓани дојдоа на средбата во село Дебреште и истакнаа дека навистина им се допаѓа што и после избори ВМРО ДПМНЕ не заборава на нив. Со големо задоволство ги отпоздравија овие чекори на партијата и нивните заложби за подобрување на актуелните состојби. Беа поставени прашања, споделени повеќе идеи и размислувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top