Екипата од северен Лондон Тотенхем во вториот натпревар од новата сезона во англиската Премиер лига на својот стадион Вајт Харт Лејн го декласираше денешниот противник КПР со 4-0.
Избраниците на Маурицио Покетино уште во првиот дел го решија прашањето на победникот бидејќи со три гола заминаа на паузата на полувремето. Двоен стрелец беше Чадли кој се запиша во листата на стрелци во 12 и 37 минута. Третиот гол беше дело на Даер во 30 минута.
Во вториот дел Тотенхем рутински го одбработи останатите 45 минути од натпревар, а притоа постигна и уште еден гол преку Емануел Адебајор во 65 минута.
Во денешните натпревари Хул и Стоук ги победија бодовите одигрувајќи само 1-1.
Последниот натпревар од денешната програма ќе го одиграат Сандерленд и Манчестер Јунајтед кој беше непријатно изненаден на Олд Трафорд од Свонси со 1-2 и ќе се обиде токму против Сандерленд да ги освои трите бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)