| четврток, 6 декември 2018 |

Натпревари што можеа да ја сменат историјата на македонскиот спорт: Се лиз­на ба­ске­тот од ра­ка, ни од­ле­та исто­ри­ска­та брон­за

За два­е­се­ти­на го­ди­ни не­за­вис­ност на Ма­ке­до­ни­ја има­ло мно­гу нат­пре­ва­ри на свет­ска­та спорт­ска сце­на што оста­ви­ле тра­ен пе­чат на раз­во­јот на спор­тот, ка­ко, на при­мер, нај­го­ле­ми­от ус­пех во ко­ле­ктив­ни­те спор­то­ви, шам­пи­он­ска­та ти­ту­ла на Ко­ме­тал Ѓор­че Пе­тров во ра­ко­мет­на­та Ли­га на шам­пи­о­ни. Во овој број ќе на­пра­ви­ме мал­ку по­и­на­ков из­бор на ме­че­ви во кои ни беа на до­фат по­бе­ди кои ќе ги про­ме­неа со­стој­би­те на ма­ке­дон­ски­от спорт на по­до­бро. Се­пак, за­гу­бив­ме и тоа во не­ве­ро­јат­но воз­буд­ли­ви за­врш­ни­ци во би­тки за ме­да­ли, за ти­ту­ли, за на­стап во за­врш­ни­ца­та во Ли­га­та на шам­пи­о­ни

Во ко­ле­ктив­ни­те спор­то­ви Ма­ке­до­ни­ја мо­же да се по­фа­ли со со­лид­ни ре­зул­та­ти, на­ста­пи и плас­ма­ни во ко­шар­ка и во ра­ко­мет, ка­де што има­ме од­ли­чен реј­тинг во Евро­па, за раз­ли­ка од фуд­ба­лот, кој е убед­ли­во нај­по­пу­ла­рен спорт на пла­не­та­та. Ту­ка сѐ уште мно­гу за­о­ста­ну­ва­ме и на клуп­ски и на ре­пре­зен­та­ти­вен план. Во исто­ри­ја­та ма­ке­дон­ски­те ре­пре­зен­та­ции и еки­пи оди­гра­ле мно­гу нат­пре­ва­ри за па­ме­те­ње, а по­себ­но ме­сто има ус­пе­хот на Ко­ме­тал Ѓор­че Пе­тров со осво­ју­ва­ње на европ­ска­та ти­ту­ла во жен­ски­от ра­ко­мет.

Во овој број ќе на­пра­ви­ме мал­ку по­и­на­ков из­бор на ле­ген­дар­ни ме­че­ви што ги за­гу­бив­ме на не­сре­ќен на­чин, а мо­жеа да ни до­не­сат ме­да­ли, по­до­бар спорт­ски ам­би­ент и поц­вр­сти те­ме­ли за мно­гу по­ве­ќе клуп­ски и ре­пре­зен­та­тив­ни ус­пе­си. Се изд­во­ју­ва­ат че­ти­ри ме­ча што мо­жеа комп­лет­но да ја свр­тат исто­ри­ја­та на спор­тот кај нас.

Ко­шар­кар­ска бај­ка во Ли­тва­ни­ја со шо­кан­тен епи­лог

Russia vs F.Y.R. of Macedonia

Ко­шар­кар­ска­та бај­ка на Европ­ско­то пр­венс­тво во Ли­тва­ни­ја што ја ис­пи­шаа ма­ке­дон­ски­те ре­пре­зен­та­тив­ци со пре­крас­на игра и осво­е­но че­твр­то ме­сто во кон­ку­рен­ци­ја на ве­ле­си­ли од ка­ли­ба­рот на Шпа­ни­ја, Фран­ци­ја, Ру­си­ја, Ли­тва­ни­ја, Гр­ци­ја, Ср­би­ја, Хр­ват­ска, Тур­ци­ја… сѐ уште се пре­ра­ска­жу­ва, а мо­жев­ме лес­но да на­пра­ви­ме уште еден мал че­кор до брон­зе­ни­от ме­дал. Ме­чот за приз­на­ние го за­гу­бив­ме со 68-72 во прес­ме­тка­та со Ру­си­ја, пред­во­де­на од ѕвез­да­та од НБА Ан­дреј Ки­ри­лен­ко.

Во не­из­вес­на за­врш­ни­ца не­мав­ме сре­ќа, а и ден-де­не­ска оста­ну­ва ми­сте­ри­ја ка­ко ни „по­бег­на“ ме­да­лот.

На 27 се­кун­ди до крај е не­ре­ше­но 68-68. Ру­си­ја има на­пад, а Би­ков по­стиг­ну­ва не­ве­ро­ја­тен кош од иск­лу­чи­тел­но те­шка по­зи­ци­ја, за два по­е­ни пред­ност на фа­во­ри­тот. Ед­но­став­но, Ру­си­ја е моќ­на се­лек­ци­ја со ѕвез­ди од НБА во со­ста­вот, а сил­ни­те по­не­ко­гаш ги сле­ди и сре­ќа­та. По­пу­лар­ни­те „ба­ќу­шки“ имаа и огром­на до­за нак­ло­ност од бо­жи­ца­та Фор­ту­на про­тив ма­ла­та Ма­ке­до­ни­ја. На не­пол­ни 10 се­кун­ди до крај фе­но­ме­нал­ни­от Ле­стер Бо Ме­кеј­леб на ма­ги­чен на­чин го про­нај­де под ко­шот оса­ме­ни­от Дам­јан Сто­ја­нов­ски. И ко­га си­те оче­ку­ваа лес­но по­ло­жу­ва­ње на ба­ске­тот во про­тив­нич­ки­от кош и израм­ну­ва­ње, се слу­чи не­ве­ро­ја­тен пех. Топ­ка­та му се лиз­на на Дам­јан од ра­це, а нам ни се лиз­на исто­ри­ски­от ме­дал, прв во ко­ле­ктив­ни­те спор­то­ви на ре­пре­зен­та­тив­но ни­во.

За Ма­ке­до­ни­ја оста­на епи­те­тот нај­при­јат­но из­не­на­ду­ва­ње во исто­ри­ја­та на Европ­ско пр­венс­тво, а Ле­стер Бо Ме­кеј­леб го зас­лу­жи ме­сто­то во нај­до­бра­та пе­тор­ка на шам­пи­о­на­тот. Веч­но ќе го па­ме­ти­ме ве­ли­чес­тве­ни­от до­чек на ко­шар­ка­ри­те пред сто­ти­на ил­ја­ди лу­ѓе во Скоп­је, а се­ка­ко и по­бе­ди­те про­тив Гр­ци­ја, Ли­тва­ни­ја, Сло­ве­ни­ја, Гру­зи­ја, Хр­ват­ска, Фин­ска и БиХ, но оста­на жал за ме­да­лот кој бе­ше мно­гу бли­ску, но на­ме­сто во Ма­ке­до­ни­ја, за­ми­на за Ру­си­ја.

Брон­за­та ќе бе­ше на­гра­да за тру­дот, за по­све­те­но­ста, за ма­кси­мал­ни­от на­пор на ко­шар­ка­ри­те и, пред сѐ, тра­ен пе­чат на ед­на од нај­сим­па­тич­ни­те аван­ту­ри во све­тот на спор­тот, на ед­на не­по­втор­ли­ва дру­жи­на на спор­ти­сти од ед­на мно­гу ма­ла зем­ја. И ва­ка, Ан­тиќ, Бо, Гец, Вла­тко и оста­на­ти­те на­ши ко­шар­ка­ри стек­наа ста­тус на идо­ли на на­ци­ја­та, но ме­да­ли­те оста­ва­ат по­до­бар сјај.

Дан­ски блиц­криг во 7 се­кун­ди ги ур­на на­де­жи­те на ра­ко­ме­та­ри­те

Lazarov of Macedonia takes a free shot as Denmark's players try to stop it during their Men's European Handball Championship main round match in BelgradeСпор­тот но­си го­ле­ми ус­пе­си, из­не­на­ду­ва­ња, шо­кант­ни за­врш­ни­ци, не­о­че­ку­ва­ни ис­хо­ди и епи­ло­зи, а се­то тоа со­бра­но во ед­но се слу­чи на нат­пре­ва­рот Дан­ска – Ма­ке­до­ни­ја на Европ­ско­то ра­ко­мет­но пр­венс­тво пред две го­ди­ни. Меч ва­жен за две­те се­лек­ции во вто­ра­та фа­за по гру­пи. Имав­ме сѐ во свои ра­це, а по­греш­ни, за жал, ни беа и прес­ме­тки­те и од­лу­ка­та да се упа­ти удар кон дан­ски­от гол на 7 се­кун­ди до крај. Ки­рил Ла­за­ров ка­ко нај­и­ску­сен ја пре­зе­де од­го­вор­но­ста при не­ре­шен ре­зул­тат 32-32 и сѐ на­та­му е исто­ри­ја, уба­ва за Дан­ци­те, горч­ли­ва за Ма­ке­до­ни­ја. За са­мо 7 се­кун­ди, со не­ви­ден блиц­криг, „ви­кин­зи­те“ по­стиг­наа гол за три­умф, кој по­доц­на се по­ка­жа ка­ко клу­чен за нив, а ко­бен за нас. Ник­лас Лан­дин од­бра­ни, во пад топ­ка­та ја фа­ти Ре­не Тофт Хан­сен и се­ка­вич­но бр­зо ја пре­фр­ли пре­ку се­бе до Ми­ка­ел Хан­сен, а топ­чи­ја­та на Дан­ци­те со аси­стен­ци­ја го исфр­ли Ханс Линд­берг оса­мен пред Бор­ко Ри­стов­ски. Иску­сен играч ка­ко Линд­берг, за жал, не гре­ши и Дан­ска нѐ по­бе­ди со 33-32. По­доц­на расп­ле­тот ис­пад­на не­по­во­лен за нас, оста­нав­ме тре­ти во гру­па­та со еден бод зад Дан­ска и два зад Ср­би­ја, па се по­ка­жа де­ка и не­ре­ше­но про­тив Дан­ци­те ќе ни од­го­ва­ра­ше. Но, по би­тка лес­но е да се би­де ге­не­рал, мом­ци­те во „цр­ве­но-жол­то“ оди­граа од­ли­чен тур­нир и на кра­јот го осво­и­ја пет­то­то ме­сто. Во Ср­би­ја ма­ке­дон­ски­те на­ви­ва­чи на­пра­ви­ја ви­стин­ска оку­па­ци­ја, бев­ме ка­ко до­ма­ќи­ни на туѓ те­рен, а за влак­но не ја ис­пи­шав­ме исто­ри­ја­та со прв еки­пен ме­дал за ед­на на­ша ре­пре­зен­та­ци­ја. Ме­да­лот не стиг­на во Ма­ке­до­ни­ја, а Дан­ска на кри­ла­та на по­бе­да­та про­тив нас ста­на европ­ски пр­вак. Се­дум­те из­во­нред­ни се­кун­ди на квар­те­тот Лан­дин – Р. Хан­сен – М. Хан­сен – Линд­берг ни го ур­наа со­нот за ме­дал на ЕП во Ср­би­ја 2012.

Дан­ци­те ни се кош­мар, Егерт ги соп­на „цр­ве­но-цр­ни­те“

HC Vardar Skopje vs SG Flensburg-Handewitt

Дан­ци­те ни се кош­мар, а уште еден спор­тист од оваа зем­ја се ис­пре­чи на па­тот на под­виг на ма­ке­дон­ска еки­па. Овој пат ста­ну­ва збор за ра­ко­ме­та­рот на Фленс­бург, Ан­дерс Егерт Маг­ну­сен, кој по­го­ди од пе­нал на 11 се­кун­ди до крај на че­тврт-фи­нал­ни­от ре­ван­шен меч со Вар­дар во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те и при ре­зул­тат од 48-48 го ели­ми­ни­ра ма­ке­дон­ски­от шам­пи­он. Дан­ци­те по­стиг­наа по­ве­ќе го­ло­ви на го­сти од Вар­дар и со „раз­ли­ка“ от­па­ту­ваа на за­врш­ни­от тур­нир во Келн, ка­де што на­пра­ви­ја чу­до и ја осво­и­ја шам­пи­он­ска­та ти­ту­ла.

Фленс­бург го по­бе­ди Вар­дар во пр­ви­от меч со 23-21, па оче­ку­ва­ња­та на „цр­ве­но-цр­ни­те“  за пат во Келн на за­врш­ни­ца­та во би­тка за ти­ту­ла­та европ­ски пр­вак беа ре­ал­ни. Но, ре­ван­шот поч­на ло­шо за ма­ке­дон­ски­от шам­пи­он, на по­лу­вре­ме Гер­ман­ци­те во­деа со 15-10, а во вку­пен ре­зул­тат имаа огром­ни 7 го­ла раз­ли­ка. Воз­мож­но ли е за 30 ми­ну­ти да се на­до­ме­сти ми­нус од 7 по­го­до­ци? На кри­ла­та на из­во­нред­ни­те на­ви­ва­чи во са­ла­та „Бо­рис Трај­ков­ски“ Вар­дар по­ка­жа де­ка сѐ е мож­но. Цр­ве­но-цр­на­та фу­ри­ја во пе­ко­лен ам­би­ент ги сто­пи го­сти­те и пред­но­ста, па са­мо чу­до мо­же­ше да го спре­чи Вар­дар да не па­ту­ва во Келн. Со фу­ри­оз­на игра до­ма­ќи­нот на­пра­ви спе­ктакл и спорт­ско чу­до, па на ед­на ми­ну­та и 45 се­кун­ди до кра­јот на ре­ван­шот по­ве­де со 27-23. Од пра­гот на ам­би­сот, до пор­ти­те на ра­јот, вар­дар­ци за не­пол­ни 30 ми­ну­ти на­пра­ви­ја пре­сврт и по­зи­ти­ва од 17-8. Имаа и ши­рум отво­ре­ни вра­ти за фај­нал­фор- тур­ни­рот во аре­на­та „Лан­ксес“, игра­чи­те на Фленс­бург изг­ле­даа за­гу­бе­но во скоп­ски­от пе­кол, но не и лад­но­крв­ни­от Да­нец Егерт. Иск­лу­чен е Чи­пу­рин, екс­прес­но бр­зо по­го­ди Глан­дорф, а се стег­наа ср­ца­та на си­те на­ви­ва­чи на Вар­дар. Ќе из­др­жи ли ма­ке­дон­ски­от шам­пи­он? Пред­но­ста е три го­ла со на­пад на до­ма­ќи­нот, но, за жал, ни тоа не бе­ше до­вол­но за тој мал, но та­ка да­ле­чен че­кор за исто­ри­ја­та. Мар­ко­виќ ут­на, Глан­дорф из­ну­ди пе­нал, а Егерт е пре­ци­зен. Шок и та­га во ре­до­ви­те на ма­ке­дон­ски­от пр­вак и го­ле­мо слав­је кај тре­топ­ла­си­ра­на­та еки­па во Гер­ма­ни­ја. Фленс­бург пре­жи­веа и од скоп­ски­от пе­кол стиг­на до европ­ски­от трон. Вар­дар на­пра­ви из­во­нред­на ра­бо­та со ели­ми­на­ци­ја­та на до­то­гаш акту­ел­ни­от европ­ски пр­вак Хам­бург, по­тоа и со не­ви­де­ни­от пре­сврт про­тив Фленс­бург, но не­ма­ше ни­ту грам сре­ќа за зас­лу­жен пат на за­врш­ни­от тур­нир. 

Тер­је Ха­у­ге пре­су­ди, Вар­дар не до­те­че до Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те

Sparta Prague's player Igor Gluscevic (front) vies for the ball with Vardar's defender Dejan Brankovic

Нор­ве­шки­от су­ди­ја Тер­је Ха­у­ге дол­го ќе би­де во ме­мо­ри­ја­та на Вар­да­ро­ви­те на­ви­ва­чи, се­ка­ко по ло­шо, за­тоа што бе­ше ди­ре­ктен ви­нов­ник за ели­ми­на­ци­ја на фуд­бал­ски­от пр­вак на Ма­ке­до­ни­ја во еп­ски­от дво­меч со Спар­та Пра­га во пос­лед­на­та ква­ли­фи­ка­ци­ска рун­да во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те. Август 2003 го­ди­на дол­го ќе се па­ме­ти, а Вар­дар на тра­ги­чен на­чин ја за­гу­би пос­лед­на­та би­тка за прв на­стап на ма­ке­дон­ска еки­па во лу­ксуз­на­та фуд­бал­ска Ли­га на шам­пи­о­ни. Ха­у­ге го су­де­ше пр­ви­от меч во Скоп­је во из­во­нре­ден ам­би­ент пред пре­пол­ни три­би­ни и ги за­мрз­на ср­ца­та на до­маш­ни­те на­ви­ва­чи со не­ко­рект­на од­лу­ка. Нор­ве­шки­от ар­би­тар при ре­зул­тат 0-1 за го­сти­те му доз­во­ли на Глуш­че­виќ да из­ве­де сло­бо­ден удар без на­ме­стен жив ѕид, а срп­ски­от ин­тер­на­ци­о­на­лец на не­фер на­чин ја иско­ри­сти по­ну­де­на­та шан­са и зго­ле­ми на 2-0 за Спар­та. Вар­дар прет­ход­но ја ели­ми­ни­ра моќ­на­та ру­ска ма­ши­не­ри­ја ЦСКА од Мос­ква, не се пре­да­де ни­ту про­тив По­бор­ски и дру­га­ри­те од Пра­га, па израм­ни на 2-2 со го­ло­ви­те на Оли­ве­и­ра и на Ге­ор­ги­ев­ски. На три­би­ни­те де­ли­ри­ум, Вар­дар е во на­лет, Спар­та е во „бу­ни­ло“, но искус­ни­те го­сти, се­пак, се изв­ле­коа и по­бе­ди­ја на пр­ви­от ду­ел со 3-2. По­бор­ски со гол во Скоп­је ѝ до­не­се огром­на пред­ност на Спар­та. Вар­дар трг­на во ре­ван­шот со де­ви­за­та „со шти­тот или на не­го“ за­тоа што не­ма­ше што да за­гу­би. Иа­ко бе­ше ели­ми­ни­ран по го­ле­ма би­тка, ги освои ср­ца­та на си­те на­ви­ва­чи. Скоп­ја­ни два­па­ти беа во пред­ност во Пра­га со го­ло­ви­те на Ге­ор­ги­ев­ски и на Пе­тков, но Ка­рел По­бор­ски пак бе­ше ко­бен со сво­и­те мај­стор­ски по­те­зи. То­гаш­ни­от че­шки ре­пре­зен­та­ти­вец по­стиг­на фе­но­ме­на­лен гол за 1-1 и на из­во­нре­ден на­чин му аси­сти­ра­ше на Си­он­ко за 2-2 во 85. ми­ну­та. Вар­дар има­ше шан­са да се из­бо­ри за про­дол­же­ни­ја во ре­ван­шот, но бу­гар­ски­от ин­тер­на­ци­о­на­лец Ма­рио Пе­тков ут­на од до­бра по­зи­ци­ја во не­ве­ро­јат­но воз­буд­ли­ви­от дво­меч за плас­ман во ЛШ. По 180 ми­ну­ти три­лер- ду­е­ли, Вар­дар оста­на по­кус за еден гол (4-5 вку­пен ре­зул­тат). Еки­пи­те од Ма­ке­до­ни­ја сѐ уште че­ка­ат ва­ква шан­са за на­стап со европ­ска­та ели­та во фа­за­та по гру­пи. Ни­ко­гаш до­се­га во овој фор­мат на нат­пре­ва­ру­ва­ње во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те и во Ли­га­та на Евро­па на­ша еки­па не игра­ла во фа­за­та по гру­пи. Вар­дар бе­ше најб­ли­ску до под­виг во се­зо­на­та 2003/04, а ус­пех то­гаш, ве­ро­јат­но, од ко­рен ќе ги про­ме­не­ше со­стој­би­те во ма­ке­дон­ски­от фуд­бал. Ма­ги­ја­та на Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те е го­ле­ма, ќе сле­дев­ме го­ле­ми нат­пре­ва­ри и го­сту­ва­ње на европ­ски ги­ган­ти, но сре­ќа­та и ло­ши­те од­лу­ки на Ха­у­ге, ка­ко и од­лич­ни­от По­бор­ски, го спре­чи­ја Вар­дар да ја ис­пи­ше исто­ри­ја­та со на­стап во ЛШ.

(Пишува: Зоран Поповски
Текст објавен во 102. број на неделникот „Република“, 15.08.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top