| четврток, 6 декември 2018 |

Светски индекс на мирот – Македонија на 87. место во светот

mapa_1

Ако се прес­ме­та ма­ке­дон­ски­от бу­џет за во­е­ни по­тре­би, од­но­си­те со со­се­ди­те и про­цен­тот на на­се­ле­ние што е во за­твор, Ма­ке­до­ни­ја е не­ка­де на сре­ди­на­та на ли­ста­та од си­те зем­ји на све­тот спо­ред по­тен­ци­ја­лот да вле­зе во вој­на или дол­го­трај­но да жи­вее во мир.

Оп­ти­ми­сти­те би рек­ле дека ма­ке­дон­ска­та ча­ша e до по­ло­ви­на пол­на со мир и за­тоа зем­ја­та е ста­бил­на, ми­ро­љу­би­ваи без го­ле­ми шан­си на­ско­ро да вле­зе во ка­ков би­ло по­се­ри­о­зен конф­ликт. Пе­си­ми­сти­те што гле­да­ат де­ка ча­ша­та е по­лу­праз­на сме­та­ат де­ка вто­ра­та по­ло­ви­на од ми­рот што не­до­сти­га е до­вол­на при­чи­на зем­ја­та да би­де за­гри­же­на де­ка лес­но мо­же да би­де вов­ле­че­на во конф­ликт во кој би мо­же­ло да има жр­тви и раз­о­ру­ва­ња.

 

Нај­мир­ни зем­ји (ин­декс­ни по­е­ни)

  1. Ис­ланд 1,189
  2. Дан­ска 1,193
  3. Ав­стри­ја 1,200
  4. Нов Зе­ланд 1,236
  5. Швај­ца­ри­ја 1,258
  6. Фин­ска 1,297
  7. Ка­на­да 1,306
  8. Ја­по­ни­ја 1,316
  9. Бел­ги­ја 1,354
  10. Нор­ве­шка 1,371

 

Ако се ана­ли­зи­ра из­ве­шта­јот под­го­твен од Ин­сти­тут за еко­но­ми­ја и за мир об­ја­вен пред ед­на не­де­ла во кој се оп­фа­те­ни 162 зем­ји или 99,6 про­цен­ти од свет­ско­то на­се­ле­ние, мо­же да се зак­лу­чат мно­гу раз­лич­ни ра­бо­ти. Спо­ред ана­ли­за­та на оваа не­про­фит­на ор­га­ни­за­ци­ја, ко­ја пре­ку комп­ле­ксен сет на по­ка­за­те­ли ги ме­ри отсус­тво­то на на­силс­тво и на по­ли­тич­ка не­ста­бил­ност, Ма­ке­до­ни­ја е на сре­ди­на­та на свет­ска­та ма­па за мир. Зем­ја­ва е по­зи­ци­о­ни­ра­на на 87. ме­сто со 2,056 ин­декс­ни по­е­ни.

 ИЕМ ги истра­жу­ва не­о­ткри­е­ни­те ре­ла­ции 

Ин­сти­ту­тот за еко­но­ми­ја и за мир е не­за­вис­на, не­про­фит­на ор­га­ни­за­ци­ја по­све­те­на на транс­фор­ми­ра­ње на свет­ски­от фо­кус кон ми­рот пре­ку по­зи­тив­ни, ос­твар­ли­ви и мер­ли­ви мер­ки со цел бла­го­со­стој­ба и про­грес. ИЕМ сво­и­те це­ли, ме­ѓу дру­го­то, ги ос­тва­ру­ва пре­ку да­ва­ње мер­ли­ви па­ра­ме­три пре­ку кои мо­же да се из­ме­ри це­на­та на ми­рот и на вој­на­та. ИЕМ ги истра­жу­ва не­о­ткри­е­ни­те ре­ла­ции ме­ѓу биз­ни­сот, ми­рот и прос­пе­ри­те­тот и ра­бо­ти на про­мо­ци­ја на кул­тур­ни, еко­ном­ски и на по­ли­тич­ки фа­кто­ри што го кре­и­ра­ат ми­рот. Има кан­це­ла­рии во Сид­неј, Њу­јорк и во Ок­сфорд, а неј­зи­ни­те истра­жу­ва­ња и из­ве­штаи ги ко­ри­стат аген­ци­и­те на Обе­ди­не­ти­те на­ции, вла­ди­ни и нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции, ка­ко и де­лов­на­та за­ед­ни­ца. Гло­бал­ни­от ми­ро­вен ин­декс е ос­но­ван е од ав­стра­ли­ски­от фи­лан­троп Стив Ки­ле­леа. Со­ра­бо­ту­ва со еди­ни­ца­та за истра­жу­ва­ње на вес­ни­кот „Еко­но­мист“, а по­ка­за­те­ли­те што нај­до­бро го одра­зу­ва­ат ни­во­то на ми­рот со се­ко­ја зем­ја ги се­ле­кти­ра ме­ѓу­на­ро­ден па­нел на струч­ни ли­ца.

Ако ба­ра­ме уте­ха, пред нас, на 86. ме­сто е зем­ја што е член­ка на ЕУ и на НАТО и зем­ја со ко­ја има­ме по­го­лем проб­лем од си­те зем­ји на све­тот. Се­пак, глав­на­та при­чи­на зо­што две­те зем­ји се на овие на­ви­дум ло­ши по­зи­ции не е са­мо спо­рот за име­то ту­ку и ни­за дру­ги фа­кто­ри. Кај Гр­ци­ја, по­крај вна­треш­ни­от по­ли­тич­ки конф­ликт око­лу мер­ки­те за ште­де­ње, пред­вид е зе­мен и спо­рот со Тур­ци­ја, ки­пар­ско­то пра­ша­ње, не­ре­ше­ни­те вна­треш­ни не­за­до­волс­тва на мал­цинс­тва­та (по­себ­но пра­ва­та на Тур­ци­те), до­де­ка кај Ма­ке­до­ни­ја, по­крај од­но­си­те со со­се­ди­те и не­вра­бо­те­но­ста, прес­ме­та­на е и из­вес­на до­за на вер­ски и на ет­нич­ки мо­мен­ти (со ал­бан­ска­та за­ед­ни­ца).  Уште по­го­ле­ма уте­ха мо­же да ни би­де фа­ктот што на оваа ли­ста 14 ме­ста зад нас се су­пер­си­ла­та САД за кои на прв пог­лед би по­мис­ли­ле де­ка се нај­без­бед­на­та зем­ја на све­тот, осо­бе­но ко­га се на сво­ја те­ри­то­ри­ја.

Нај­мал­ку ми­ро­љу­би­ви зем­ји

  1. Си­ри­ја 3,65
  2. Авга­ни­стан 3,416
  3. Ју­жен Су­дан 3,397
  4. Ирак 3,377
  5. Со­ма­ли­ја 3,368
  6. Су­дан 3,362
  7. Цен­трал­на Афри­кан­ска­та Ре­пуб­ли­ка 3,331
  8. Де­мо­крат­ска Ре­пуб­ли­ка Кон­го 3,213
  9. Па­ки­стан 3,107
  10. Се­вер­на Ко­ре­ја 3,071

Од со­се­ди­те, Ко­со­во и Ал­ба­ни­ја се на 64., од­нос­но 65. Ме­сто, до­де­ка Ср­би­ја и Бу­га­ри­ја се на 52. ме­сто, од­нос­но на 32. ме­сто. Од зем­ји­те со кои мо­же­ме да на­пра­ви­ме не­ка­кви спо­ред­би во смис­ла на ге­о­граф­ска по­зи­ци­ја Тур­ци­ја е, во не­га­тив­на смис­ла, на ви­со­ко­то 128. ме­сто.

mapa2

Спо­ред из­ве­шта­јот, Ма­ке­до­ни­ја за во­е­ни по­тре­би тро­ши 685 до­ла­ри по жи­тел, а за иско­ре­ну­ва­ње на на­силс­тво­то 325 аме­ри­кан­ски до­ла­ри, што прет­ста­ву­ва 3,1 про­цент од на­ци­о­нал­ни­от бу­џет.

Со­стој­ба­та е мно­гу по­цр­на ако се ана­ли­зи­ра са­мо европ­ски­от кон­ти­нент, ка­де што Ма­ке­до­ни­ја е 35., или прет­пос­лед­на од ран­ги­ра­ни­те зем­ји, зад нас е са­мо Тур­ци­ја.

На­јо­пас­ни и нај­ста­бил­ни зем­ји

Спо­ред го­ди­неш­ни­от из­ве­штај во гор­ни­от дел од ма­па­та на ми­рот се на­о­ѓа­ат се­дум европ­ски зем­ји: Ис­ланд, Дан­ска, Ав­стри­ја, Швај­ца­ри­ја, Фин­ска, Бел­ги­ја и Нор­ве­шка. Во пр­ва­та де­се­тка зем­ји ка­де што ми­рот сѐ уште има по­го­ле­ма шан­са од вој­на­та се уште Ја­по­ни­ја, Нов Зе­ланд и Ка­на­да. На че­ло на ли­ста­та на зем­ји ка­де што вој­на­та е ре­ал­ност се Укра­и­на, Ју­жен Су­дан, Си­ри­ја, Авга­ни­стан, Ирак, Фи­ли­пи­ни и Ли­би­ја. Из­ве­шта­јот е на­пра­вен пред по­че­то­кот на во­е­ни­те дејс­тва во Га­за и за­тоа Изра­ел и Па­ле­сти­на не се на оваа ли­ста.

Без тро­шо­ци­те за бор­би­те во Га­за, са­мо во 2013 го­ди­на, за да се за­чу­ва ми­рот или за да се от­стра­нат пос­ле­ди­ци­те од на­силс­тво­то се по­тро­ше­ни фан­та­стич­ни 9,8 три­ли­о­ни аме­ри­кан­ски до­ла­ри (или еден ми­ли­он ми­ли­о­ни до­ла­ри) или поп­ла­стич­но ка­жа­но по­ве­ќе од ед­на де­сет­ти­на од гло­бал­ни­от бру­то-про­из­вод.

Тоа што е оп­ти­ми­стич­ко е што раз­ли­ка­та ме­ѓу нас и, на при­мер, ед­на од во­деч­ки­те европ­ски др­жа­ви Фран­ци­ја е не­це­ли 0,2 про­цен­ти, ка­ко и фа­ктот што во истра­жу­ва­ње­то не се вле­зе­ни мно­гу па­ра­ме­три, кои не мо­жат да се из­ме­рат. Ме­ѓу нив се, на при­мер, по­ли­тич­ка­та кул­ту­ра, исто­ри­ја­та на на­силс­тво, на­чи­ни­те на раз­ре­шу­ва­ње на прет­ход­ни­те конф­ли­кти, ка­ко и по­вр­за­но­ста на по­тен­ци­ја­лот за конф­ликт со про­це­си­те ка­ко што се евро­ин­те­гра­ци­ја­та во на­ши­от слу­чај.  При­ста­пот на др­жа­ви­те до ме­ѓу­на­род­ни па­за­ри на оруж­је и до средс­тва за на­ба­вка на оруж­је, ка­ко и по­се­ду­ва­ње­то оруж­је од стра­на на ин­ди­ви­ду­ал­ни гра­ѓа­ни и гру­пи мо­жат да би­дат се­ри­оз­ни по­ка­за­те­ли за по­тен­ци­ја­лот на ед­на зем­ја да го со­чу­ва или да го за­гу­би ми­рот. Во слу­ча­јот со Ма­ке­до­ни­ја, ед­на од глав­ни­те при­чи­ни за „злат­на­та сре­ди­на“ со ко­ја не мо­же­ме да се гор­де­е­ме, ре­ал­но, се од­но­си­те со со­се­ди­те. При тоа не се оце­ну­ва са­мо по­ве­де­ни­е­то и јав­на­та по­ли­ти­ка во зем­ја­ва, ту­ку и за­ка­ни­те, во­е­ни­от по­тен­ци­јал и ни­во­то на агре­сив­ност што по­стои во Гр­ци­ја, Бу­га­ри­ја, Ал­ба­ни­ја, Ко­со­во и во Ср­би­ја.

(Пишува: Горан Момироски
Текст објавен во 102. број на неделникот „Република“, 15.08.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top