| четврток, 6 декември 2018 |

Црвен аларм поради вулканот Бардарбунга

vulkan islandВластите во Исланд го подигнаа нивото на предупредување во воздушниот сообраќај  на највисоко, црвено ниво, поради активноста на вулканот Бардарбунга, што значи дека ерупцијата ќе се случи многу брзо или е во тек.

Вулканот минатата недела потресоа илјада мали земјотреси, длабоко под исландскиот глечер Ватнајакул. Екипа научници планираат да го надлетуваат глечерот со цел да откријат евентуални промени на неговата површина.

На почетокот од неделата, властите евакуираа неколку стотини луѓе од висорамнината северно од Ватнајакул. Областата не е населена, но е излетничко место.

Според сеизмолозите, магмата се движи под глечерот, но засега хоризонтално, на длабочина од пет до 10 километри. Вулканот Бардарбунга ќе еруптира ако магмата се крене и го истопи мразот.

Исландскиот вулкан Ејафјадлајекидл во 2010 година исфрли пепел, кој предизвика хаос во воздушниот сообраќај, бидејќи најмалку 100.000 летови беа откажани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top