Управата на „вардарци“ одговори на демантот на ФФМ по прес-конференцијата која ја одржа ФК Вардар во текот на вчерашниот ден. До нашата редакција пристигна писмо од ФК Вардар кое во продолжение во целост ви го пренесуваме.
– Загрижени и вчудоневидени од ‘мудрите’ ставови на ФФМ продуцирани во форма на демант на нашата прес-конференција, каде имавме за цел да ФФМ се разбуди и одговорните да излезат од луксузните канцеларии на терените. Да извршат реална анализа на фактичките состојби, па да спроведат низа естимации и мерки за подобрување на сликата која самите ја креираат. Оваа ситуација не е политичка туку е алармантна ситуација во фудбалот, каде реално ќе мораат челниците да бидат професионалци и да ја работат сопствена обврска за која и се платени.
ФК Вардар секогаш ќе се бори кон неправилности кои се креираат се со цел развој на македонскиот фудбал. Ако клуб не спроведува безбедност и низа пропратни одговорности, како ние како клуб да му наложиме да го извршува истото ?
Кој е одговорен за оваа мерка ФК Вардар – не
МВР – не
Директно нашата ценета куќа на фудбалот, а тоа некому не му одговара да се каже јавно.
„Мудрите полемики“ на ФФМ
Фудбалската федерација на Македонија веднаш реагираше на обвинувањата на ФК Вардар за некоректниот однос на федерацијата кон клубот и се обрати до јавноста со свое соопштение кое интегрално ви го пренесуваме.
“Натпреварувачката, Дисциплинската и Комисијата за статут и правилници на ФФМ работат и постапуваат по пријава на официјални лица на секој од натпреварите и мерките ги изрекуваат во согласност со дисциплинскиот и правилникот за натпреварување на ФФМ кои што се објавени во службеното гласило – Макфудбал.”
Дали тие официјални лица постапуваат по законот за спорт се со цела да спроведат превенција на настани кои директно штетат на угледот на македонскиот фудбал. Правилниците освен што се усвојуваат како релевантни документи, куќата на фудбалот истите треба да ги спроведува и имплементира секаде подеднакво.
“Пред да го вперат прстот кон Министерството за внатрешни работи и Куќата на фудбалот, конструктивна препорака е да се насочи вниманието кон својата работа и да делуваат во правец на превенција и едукација со своите поддржувачи.”
ФК Вардар не посочува кон МВР, бидејќи има стандарди и норми како МВР постапува, а тоа е преку спроведување на закони усвоени од страна на Собранието на РМ. Прстот е вперен во ФФМ со цел да се имплементираат документите кои посочувате дека се адаптирани на ФИФА и УЕФА. Инсуфициентно е од страна на менаџментот на ФФМ да јавно го повикува МВР и да се крие зад државна институција, кога ФФМ самата не ги спроведува истите тие документи адаптирани на ФИФА и УЕФА. Единствен доказ за истото е статусот, угледот и авторитетот на македоскиот фудбал. МВР секогаш ја спроведува безбедноста на натпреварите, за жал, бидејќи федерацијата никогаш не превзема ниту една мерка кон организатор на натпревар, кој наместо да им ја олесни работата, експлицитно ги инволвира полициските службеници на позиции кои не се одговорност ниту делокруг на нивното работење. На спортски натпревар треба да постои редарска служба и агенција за обезбедување која ќе ја спроведува безбедноста и ќе превенира насилство на стадионите а МВР ќе интервенира доколку дојде до нарушување на јавниот ред и мир. Како МВР да не интервенира кога на секој натпревар организиран од ФФМ нема лица кои го спроведуваат јавниот ред и мир и ја штитат безбедноста на публиката и на гостинскиот менаџмент. Ние ја молиме Вашата ценета куќа на фудбалот јавно да излезе и да посочи кои мерки ги превзема кога на секоја натпревар каде нема агенција за обезбедување или редарска служба, наместо да дава неиздржани деманти и да креира слика во која сака да создаде негативна перцепција дека ФК Вардар посочува кон МВР. Невкусно е што ФФМ ги инволвира полициските службеници поради својата неажурност во организацијата.
“Изненадени сме од изјавите на раководните луѓе на ФК Вардар, посебно, затоа што веруваме дека за разлика од многумина, тие знаат што значи да се работи според востановени правила и прописи и истото го препознаваат. Со изнесување на субјективни ставови и бегање од вистинската одговорност, ФК Вардар го нарушува авторитетот и интегритетот на фудбалските работници кои својата почит ја заработуваат со својата работа и посветеност.”
ФК Вардар денес брои речиси 1.500 фудбалери, инвестира во капитални проекти за сите дечиња на Македонија. ФК Вардар има историја која менаџментот има за цел да се повтори и да биде гордост на целата држава.
Што ФФМ конкретно превзема за развој на фудбалот ?
Што ФФМ конкретно превзема да иницира развој на младите ?
“Фудбалската федерација на Македонија има еднакви критериуми кон сите учесници во системот на натпреварување, постапките и одлуките се јавно достапни и секој клуб организатор на натпревар сноси одговорност за постапките кои се спротивни и надвор од духот на спортсата етика.
Погрешно е за секоја одлука или неуспех да се бара виновникот и тоа секогаш да биде ФФМ – Фудбалската федерација на Макеоднија. Крајно погрешно е да се насочуваат одредени подржувачи на клубот против ФФМ и другите институции. Со донесената одлука паричните казни изречени на клубот да се уплатуваат во корист на Фондот за унапредување на младинскиот фудбал, ФФМ само ја потврди намерата и посветеноста за развој на фудбалот во сите региони во државата.”
Двојните стандарди се повеќе од видливи, секој кој прати барем малку фудбал е запознаен со проблемите при спроведувањето на дисциплинските мерки. Како последен пример, во Штип единствен проблем беше немањето на стабилен интернет…
Велите средствата завршувале во фондот за унапредување на младинскиот фудбал, кои конкретно постигнатите резултати од оваа мерка ?
“Во духот на општо прифатените демократски начела, ФФМ апсолутно се согласува со начелото сите членови на нашата фудбалска организација да имаат право слободно да го изразат своето мислење и ставови поврзани за фудбалскиот спорт во Македонија и во таа смисла да превземат одредена иницијатива, но исто така и да останат доследни на своите надлежности во духот на објективноста и фер плејот.”
Оваа полемизација алудира на приказна за мали деца, ФК Вардар смета дека овие дејствија за македонскиот фудбал се класичен нокаут и пречка за било каков развој. Во едно демократско уредување сите меѓународни документи се интегрирани во пракса, а за жал ФФМ конструира демагогии во кои повторно сметаме дека ни самите не веруваат во тоа што јавно го изнесуваат.
“Фудбалот припаѓа на сите. Фудбалската федерација на Македонија е отворена за секој конструктивен предлог или идеја која ќе го подобри нашето фудбалско живеење. Сакаме да гледаме убава игра, но сакаме и да се однесуваме според правилата на УЕФА и ФИФА во однос на однесувањето на стадионите, однесување кое е за доброто и на фудбалската игра и за сите кои ќе ги осознаат своите лични и колективни потенцијали со вредностите кои ги промовираме.“
ФК Вардар предлага концепт на мерка која ФФМ треба да ја интегрира и имплементира во своите правилници, а тоа е :
Да делегатите на ФФМ спречат почеток на натпревар каде безбедноста не е на задоволително ниво, со број на лица кои се дел од редарска служба или агенција за обезбедување. Бројот на лица лица треба да се дефинир согласно очекуваната посетеност на натпреварот. Оваа мерка ќе биде директна помош кон превенција и заштита на публиката каде се присутни деца, фудбалери и фанови. Потенцираме дека со оваа мерка МВР никогаш нема да има потреба да интервенира бидејќи на овој начин ќе биде спроведен јавниот ред и мир.
ФК Вардар е гордост на македонскиот фудбал и национален брен кој историски анализирано достојно ја промовирал Р. Макеонија многу повеќе од ФФМ. ФК Вардар има своја развојна стратегија која чекор по чекор се интегрира во процесни дејствија. Дел од нашите проекции и цели е активно учество во меѓународниот фудбал, а за таа цел неопходно ни е непречено и професионално оргаинизирање на натпреварите од домашното првенство. ФФМ има задача за организација на професионален фудбал на натпреварите од првата лига, затоа апелираме на нивна целосна имплементација согласно стандардите на ФИФА и УЕФА. Денешниот углед на македонскиот фудбал е на најниско ниво и заради фактичката состојба не се реализираат трансфери со афирмирани фудбалери. Дозволете ни да играме и да го вратиме сјајот на македонскиот фудбал.
Со почит,
Фудбалски клуб Вардар
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


