| четврток, 6 декември 2018 |

Франција може да прими бегалци од Ирак

Yezidis protest in ErbilФранција би можела да прифати стотици, па дури и неколку илјади бегалци од Ирак загрозени од Исламската држава, изјави шефот на француската дипломатија Лоран Фабиус.

– Најнапред е потребна е борба, отпор, да се успее да се надмине тој противник, но има  случаи кои можат да бидат прифатени во Франција или во други земји, изјави францускиот министер за надворешни работи во утринското интервју за РМЦ и БФМ ТВ.

Според Фабиус нивниот број е стотици, а можеби и неколку илјади лица.

– Ние ќе ги привилегираме оние кои имаат директни врски со Франција, за да се олесни нивното вклучување во општетството, рече тој.

Во вчерашното интервју за париски „Ле Монд“, претседателот Франсоа Оланд, кој дава предност на опцијата христијанското малцинство да остане да живее во Ирак, „бидејќи тоа е нивната земја“, изјави дека околу 8000 Ирачани, посебно христијани, поднеле барања за да добијат азил во Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top