| четврток, 6 декември 2018 |

Двојното убиство ја одложи манифестацијата ”Охридска софра“

Манифестациjaта ” Охридска Софра” која беше најавена за утре, се одлага најверојатно за следниот викенд – информира прес службата на Општина Охрид.

Неофицијално, одлагањето е од причина што убиенот Ромео Ѓузелоски е жител на селото Скребатно, каде требаше да се одржи манифестациајта и од тие причини истата е одложена.

gomleze

Манифестацијата „Охридска софра“ ја организира Општина Охрид  со поддршка на Министерството за култура. Таа требаше да почне во 10 часот, а целта е промоција на традиционалните јадења од охридскиот регион. Централно место има натпреварот во подготвување  ѓомлезе, како еден од највкусните охридски специјалитети, закој беа се пријавени 24 учесници, а наградниот фонд е 20 илјади денари.

Студентите од Факултетот за туризам и угостителство приготвуваат трационални јадења од охридскиот регион, а во забавниот дел концерт требаше да одржи групата „Chalgia Sound System“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top