| четврток, 6 декември 2018 |

Охридска софра за крај на туристичката сезона (галерија)

Годинашната туристичко- промотивна манифестација, традиционално се одржа на просторот до црквата  „ Успение на Пресвета Богородица“ во селото Скребатно.

Манифестацијата, што традиционално ја организира Општина Охрид, преку Секторот за туризам и локален економски развој,  помина во несекојдневно дружење и уживање во вкусовите на традиционалната охридска кујна, а посебен белег и даде натпреварот за подготовка на ѓомлезе.

По неколкучасовна подготовка, специјална комисија ги прогласи трите највкусни специјалитети-ѓомлезе. Првата награда ја доби Илина Бимбилоска Коваческа, втората Лиле Каровска, додека третата награда ја доби Ана Лазоска

Покрај ѓомлезето, присутните, на поставените штандови можеа да вкусат бројни специјалитети од охридската кујна и здрава храна што се произведува во охридскиот регион.

извор:охриднет.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top