| четврток, 6 декември 2018 |

Во Сент Луис објавени снимки од друг инцидент во кој полицајци застрелуваат Афроамериканец

Protests continue over Michael Brown shooting

Началникот на полицијата во Сент Луис, Сам Дотсон нареди објавување аудиоснимка, видеоснимка од безбедносна камера и видеоснимка од мобилен телефон за инцидент во кој во градот беше убиен црнец, кој ѝ се заканувал со нож на полициска патрола.

Кажиеме Пауел беше застрелан во вторникот. Според тоа што се гледа на снимките, мажот се приближува кон полицајците со зборовите: Застрелајте ме сега. Убијте ме сега. Двајца полицајци испукуваат во него шест куршуми и го убиваат.

За случајот се води истрага, а двајцата полицајци се отстранети од работа.

Трагедијата се случила недалеку од местото каде што од полицаец беше застрелан невооружениот црнец Мајкл Браун, инцидент што предизвика немири во преградието Фергусон на Сент Луис

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top