Привршува изградба на Националната арена „Филип Втори“. Стаклената фасада на источната трибина е веќе готова, а поставена е и илуминација. Деловниот простор под источната трибина ќе се дава под закуп, за што се подготвува оглас за интерес. Се работи за простор околу 4.000 квадратни метри, предвидени за хостел, ресторани, изложбени салони…
За изградбата на источната фасада, која е комбинација од челична конструкција и стакло, потрошени се 2,1 милиона евра, а според пресметките, целосната фасада би чинела 8 милиони евра. Во иднина треба да се изгради фасадата на јужната, западната и на северната трибина.
Арената ја гради Агецијата за стопанисување со станбен и деловен простор и досега за изградбата на објектот се потрошени 31 милион евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Комитите ќе ја платат најголемата цена: Натпревар на „Филип Втори“ ќе го чини Вардар до 40 000 евра, ќе се покачат цените на влезниците?
-
„Телеком“ го раскинува договорот, националната арена го враќа старото име „Филип Втори Македонски“?
-
Вардар ги пушта во продажба билетите за мечот со Фенербахче
-
Вардар – Копенхаген е меч од висок ризик


