1. Голема е веројатноста дека ќе водите битка со здравјето. Со поголемо внесување на вода во организмот, ги намалувате шансите за добивање на каменчиња во бубрег, рак на системот за варење и уринарниот тракт и срцевиот удар.
2. Без вода нема брз метаболизам. Човечкиот метаболизам се забрзува паралелно со количината на вода која ја внесувате, тоа е основно правило.
3. Ќе морате да се потрудите повеќе околу извршување на обврските. Мозокот на дехидрираниот човек се притиска и намалува, така што ќе му биде потребно двојно повеќе време за извршување на обврските.
4. Зголемена желба за јадење. Лицата кои пред секој оброк внесуваат 2 чаши вода во организмот, внесуваат 75 до 90 калории помалку. Во текот на 3 месеци, личностите кои се хранат на овој начин губат до 2,5 килограми.
5. Кожата изгледа набрано и постаро. Водата на хидрира кожата, ги пополнува ситните линии и брчки и го освежува тенот.
6. Без вода, расположението опаѓа. Дехидрираните лица често пати се чувствуваат слабо и немоќно, збунето, луто и депресивно, за разлика од луѓето кои често консумираат вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



