Службите за итна медицинска помош во Берлин во карантин го ставиле Центарот за вработување, од каде била изведена една жена со симптоми слични на ебола, вклучувајќи и висока температура.
Веста ја пренесоа повеќе германски медиуми, повикувајќи се на извори од здравствените власти.
Жената веднаш била пренесена во болница. Засега нема официјална информација за нејзиниот идентитет и симптомите на
заболувањето, а не е познато ниту дали дали таа престојувала во зоната на епидемијата во западна Африка.
Новинарите, кои известуваат од местото на настанот во Берлин, јавуваат дека на луѓето кои присуствувале во Ценатрот за вработување им било дозволено да го напуштат зданието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.