
Продолжува маршрутата на патувачкото кино на фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ Утре на мапата на патувачкото магаренце е Жван, а потоа се сели во селото Единаковци.
Оваа година патувачкото кино го посетува Демирхисарскиот регион. Tргна на 17 август од Крушево како стартна позиција, а до 28 август ќе посети вкупно седум населени места.
На 17 август, тимот на „Македоокс“ го рашири филмското платно сред Крушево со краткиот документарен филм „Македонија во слики“ на Арсениј Јовков. По него следуваше долгометражниот документарен филм „Плати и жени“ на режисерот Атанас Георгиев-Фаца.
Филмските проекции продолжуваат низ Демирхисарскиот регион преку Жван (20 август), Единаковци (21 август), Слепче (23 август), Смилево (24 август), Бабино (26 август), Сопотница (27 август) и Слоештица на 28 август 2014 година. Проекциите се одржуваат средсело, а почнуваат во 21 часот.
Целта на Патувачкото кино е непосредно да влијае во процесот на децентрализација на културата во државата и да овозможи кинопроекции во мали и рурални места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


