Ова е одличен рецепт за тие што го сакаат вкусот на модриот патлиџан. Вкусовите за овој месест зеленчук се поделени – или го сакаат, или не сакаат да го пробаат.
Модриот патлиџан, подготвен со чери-домати, зачини и со инчуни има одличен вкус. Не е ниту малку горчлив, туку е многу вкусен.
Состојки:
1 модар патлиџан
Чери-домати
2 чешниња лук
Лебни трошки
Пармезан
Исечкани инчуни
Медитарански зачини
Сол, црн пипер
Маслиново масло
Подготовка: Измјите го убаво модриот патлиџан, па потоа насечкајте го на кругови. Посолете го и оставете го некое време за да му излезе горчливиот вкус.
Загрејте ја рерната и потоа на тава ставете мрсна хартија за печење, наредете ги парчињата модар патлиџан и печете ги во загреаната рерна десетина минути.
Во меѓувреме, насечкајте ги чери-доматите на парчиња, додајте им лук, посолете ги, додајте им црн пипер и зачини по желба, на пример рузмарин. Извадете ги испечените модри патлиџани од рерната и на нив распоредете ги доматите, наросете ги со пармезан и со лебни трошки, капнете маслиново масло, а по желба може да додадете и парчиња инчуни. Тавата вратете ја во рерна и печете ги уште 10 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.