| четврток, 6 декември 2018 |

Полнети модри патлиџани

Ве­лиг­ден­ски­от пост сѐ уште трае, а па­за­ри­те се пол­ни со све­жо овош­је и зе­лен­чук од на­ше­то под­неб­је, та­ка што ако сте ре­ше­ни да по­сти­те, се­га е ви­стин­ско вре­ме да го ис­чи­сти­те ор­га­низ­мот од на­та­ло­же­ни­те мaсно­тии што се со­бра­ле за вре­ме на зи­ма­та.

модар патлиџан

Пр­ва асо­ци­ја­ци­ја за мо­дри­от пат­ли­џан е му­са­ка или пр­жен мо­дар пат­ли­џан, ка­ко еден вид до­да­ток во ја­де­ње­то, по­себ­но ле­те. Но, мо­дри­от пат­ли­џан е ви­стин­ски бла­го­дат би­деј­ќи е ни­ско­ка­ло­ри­чен и има по­се­бен, спе­ци­фи­чен вкус. Горч­ли­во­ста што ја има во луш­па­та, од­нос­но во ко­ра­та на пат­ли­џа­нот лес­но мо­же да ја от­стра­ни­те, со тоа што пат­ли­џа­нот ќе го блан­ши­ра­те три ми­ну­ти во вре­ла, со­ле­на во­да.

Со­стој­ки:

Че­ти­ри сред­но го­ле­ми мо­дри пат­ли­џа­ни

2 гла­ви­ци кро­мид

2 до­ма­та

2 пи­пер­ки

Сол, црн пи­пер, сув зе­лен­чук

Мас­ло за ја­де­ње

Под­го­то­вка:

Из­миј­те ги уба­во мо­дри­те пат­ли­џа­ни и пре­се­че­те ги на по­ло­ви­на. Изд­ла­бе­те ја со­др­жи­на­та од мо­дри­те пат­ли­џа­ни и исеч­кај­те ја на сит­ни коц­ки. Во же­шка во­да во ко­ја прет­ход­но сте ста­ви­ле сол, по­то­пе­те ги изд­ла­бе­ни­те пат­ли­џа­ни и блан­ши­рај­те ги три ми­ну­ти. По­тоа, трг­не­те ги на­стра­на, на по­себ­на чи­ни­ја, да се ола­дат.

На за­гре­а­но мас­ло, во та­ва, пр­во ис­пр­же­те го сит­но исеч­ка­ни­от кро­мид. До­дај­те сол, црн пи­пер, ме­шан сув зе­лен­чук и оста­ве­те ги да се дин­сту­ва­ат. По­тоа сит­но исеч­кај­те ги до­ма­тот и пи­пер­ки­те и до­дај­те ги во кро­ми­дот. При крај, до­дај­те го сит­но исеч­ка­ни­от мо­дар пат­ли­џан од сре­ди­на­та што го изд­ла­би­вте и на крај со овој со­став на­пол­не­те ги мо­дри­те пат­ли­џа­ни.

За­греј­те ја рер­на­та и во та­ва­та, ко­ја прет­ход­но сте ја по­пр­ска­ле со мас­ло за ја­де­ње на­ре­де­те ги на­пол­не­ти­те мо­дри пат­ли­џа­ни. До­дај­те мал­ку во­да и ста­ве­те ги в рер­на да се пе­чат. Овие мо­дри пат­ли­џа­ни мо­же да се фи­лу­ва­ат и со пав­ла­ка и со ма­те­ни јај­ца оз­го­ра, пред да се ста­ват да се пе­чат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top