| четврток, 6 декември 2018 |

Мо­дар пат­ли­џан со че­ри-до­ма­ти

zapeceni-patlidzani-s-cherry-rajcicama-parmezanom-i-prezlama-1

Ова е од­ли­чен ре­цепт за тие што го са­ка­ат вку­сот на мо­дри­от пат­ли­џан. Вку­со­ви­те за овој ме­сест зе­лен­чук се по­де­ле­ни – или го са­ка­ат, или не са­ка­ат да го про­ба­ат.

Мо­дри­от пат­ли­џан, под­го­твен со че­ри-до­ма­ти, за­чи­ни и со ин­чу­ни има од­ли­чен вкус. Не е ни­ту мал­ку горч­лив, ту­ку е мно­гу вку­сен.

Со­стој­ки:

1 мо­дар пат­ли­џан

Че­ри-до­ма­ти

2 чеш­ни­ња лук

Леб­ни тро­шки

Пар­ме­зан

Исеч­ка­ни ин­чу­ни

Ме­ди­та­ран­ски за­чи­ни

Сол, црн пи­пер

Мас­ли­но­во мас­ло

Под­го­то­вка: Изм­ји­те го уба­во мо­дри­от пат­ли­џан, па по­тоа на­сеч­кај­те го на кру­го­ви. По­со­ле­те го и оста­ве­те го не­кое вре­ме за да му из­ле­зе горч­ли­ви­от вкус.

За­греј­те ја рер­на­та и по­тоа на та­ва ста­ве­те мрс­на хар­ти­ја за пе­че­ње, на­ре­де­те ги пар­чи­ња­та мо­дар пат­ли­џан и пе­че­те ги во за­гре­а­на­та рер­на де­се­ти­на ми­ну­ти.

Во ме­ѓу­вре­ме, на­сеч­кај­те ги че­ри-до­ма­ти­те на пар­чи­ња, до­дај­те им лук, по­со­ле­те ги, до­дај­те им црн пи­пер и за­чи­ни по жел­ба, на при­мер руз­ма­рин. Из­ва­де­те ги ис­пе­че­ни­те мо­дри пат­ли­џа­ни од рер­на­та и на нив рас­по­ре­де­те ги до­ма­ти­те, на­ро­се­те ги со пар­ме­зан и со леб­ни тро­шки, кап­не­те мас­ли­но­во мас­ло, а по жел­ба мо­же да до­да­де­те и пар­чи­ња ин­чу­ни. Та­ва­та вра­те­те ја во рер­на и пе­че­те ги уште 10 ми­ну­ти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top