Двајца рудари го загубија животот претладнево во рудникот за хром „Фуш лопа“ кај албанскиот град Мартанеш.
Рударите биле затрупани во галеријата од голем одрон кој се случил додека работеле, на 200 метри под земја. И двајцата се од селото Комсија кај градот Мат, едниот на триесет, додека другиот на 50-годишна возраст.
Во моментот на несреќата во тој дел од рудникот имало уште пет рудари, но за среќа останале живи. На местото на несреќата има големи полициски сили, како и специјална екипа која пристигнала од Тирана и прават напори да ги зицадат телата на загинатите рудари.
Рудникот бил даден под концесија. Ова не е прва несреќа во овој рудник, каде поради лошите услови за работа имаше жртви и во изминатите години, токму поради големи одрони во внатрешноста на рудникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
СДСМ од Иловица и Штука со директни пораки кон Заев: Премиерот да се изјасни дали ќе го сопре рудникот или не!
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија


