| четврток, 6 декември 2018 |

Загинаа рудари во Албанија

rudnik-24Двајца рудари го загубија животот претладнево во рудникот за хром „Фуш лопа“ кај албанскиот град Мартанеш.

Рударите биле затрупани во галеријата од голем одрон кој се случил додека работеле, на 200 метри под земја. И двајцата се од селото Комсија кај градот Мат, едниот на триесет, додека другиот на 50-годишна возраст.

Во моментот на несреќата во тој дел од рудникот имало уште пет рудари, но за среќа останале живи. На местото на несреќата има големи полициски сили, како и специјална екипа која пристигнала од Тирана и прават напори да ги зицадат телата на загинатите рудари.

Рудникот бил даден под концесија. Ова не е прва несреќа во овој рудник, каде поради лошите услови за работа имаше жртви и во изминатите години, токму поради големи одрони во внатрешноста на рудникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top