| четврток, 6 декември 2018 |

Групата „Исламска држава“ презема одговорност за киднапирање на јапонски државјанин (вознемирувачко видео)

islamska drzava

Радикалната група „Исламска држава“ објави на Интернет дека држи во заробеништво јапонски граѓанин во Сирија, јавија јапонските медиуми.

– Го заробивме шпионот Харуна Јокава, се наведува во соопштение на исламистите. Јапонското министерство за надворешни работи вчера соопшти дека врши истрага дали јапонски граѓанин е заробен во Северна Сиријa од борци на Исламска држава.

Според податоци на властите во Токио 42-годишниот Јокава заминал за Сирија кон крајот на јули и стапил во контакт со бунтовници од групата „Исламски фронт“, што се бори против „Исламска држава“, пренесува ИТАР-ТАСС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top