| четврток, 6 декември 2018 |

Тарек ал Хашеми: БААС мора да учествува во политички процес во Ирак

baasПартијата за арапска социјалистичка обнова (БААС) на поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин мора да биде вклучена во пронаоѓањето на политичко решение во Ирак, изјави денеска поранешниот ирачки потпретседател Тарек ал Хашеми, предупредувајќи дека американските воздушни напади нема да придонесат за ставање крај на насилството.

– Мојата земја е на работ на граѓанска војна и поделба, изјави Хашеми, кого ирачкиот суд го осуди на смртна казна поради раководење со едниците на смртта, и кој моментно се наоѓа во бегство во Истанбул.

– САД целиот проблем го сведуваат само на напаѓање на припадниците на Исламската држава. Тоа нема да го реши ирачкото прашање, истакна тој и додаде дека шиитските паравоени фромации исто така се виновни за тероризмот.

– Тие не би требало да се концентрираат на сунитските екстремисти, туку би требало да ги земат предвид и шиитите. И тие се терористи, тие убиваат, раселуваат луѓе и ја усвојуваат политиката и стратегијата на Исламската држава, нагласи сунитот Хашеми, кој беше потпретседател на Ирак од април 2006 до септември 2012 година.

Хашеми  го поздрави именувањето на Хајдер Абаси за ирачки премиер како „чекор во добра насока“ и укажа дека во политичкиот процес треба да се вклучи и некогаш владејачката, а сега забранета партија БААС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top