Бројот на министри во новата влада на Косово ќе се намали, независно од тоа кој ќе ја формира владата. Вакво нешто најавија од двата кампа кои претендираат да ја формираат владата: Демократската партија на Косово на Хашим Тачи и постизборната коалиција, Демократскиот сојуз на Косово на Иса Мустафа, Алијансата за иднината на Косово, на Рамуш Харадинај и Иницијативата за Косово на Фатмир Лимај.
За разлика од постизборната коалиција која најавува, меѓу другите, да го укине и Министерството за евроинтеграции, ДП не прецизира кои, но оценува дека косовската влада нема потреба од толку многу министерства, со што се согласуваат и политичките аналитичари во оваа земја. Владата во заминување на премиерот Хашим Тачи има 19 министри.
Меѓу оние министерства што ги формира владата на ДП со нејзините коалициски партнери се Mинистерството за евроинтеграции, Mинистерството на безбедносните сили, Министертвото за економски развој и Министерството за дијаспора.
Вонредните парламентарни избори на Косово се одржаа на осми јуни. Владата се очекува да биде формирана по објаснувањето на уставниот суд, кому претседателката Јахјага треба да му го довери мантатот за тоа, на партијата која освоила најмногу гласови(ДП) или на постизборната коалиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации