Популарната пејачка Нина Јанева падна од бина пеејќи на свадбата на нејзината другарка од средно училиште. Бината била висока над метро и половина, па за несреќа настрада левата рака на Нина. Со фотографија од раката во гипс, таа на социјалните мрежи сподели
-Гипс ставија, важно ноктите не се скршија. Им благодарам на на вработените дежурни од Ургентниот центар што не ми дозволија ни секунда да помислам дека сум избегнала смрт за влакно. Сега имам уште еден роденден- напиша Јанева на Фб. Гостите велат дека ситуацијата била опасна, а Нина не стигнала ниту да наздрави во алкохол.
Причина за падот бил преголемиот умор на пејачката, која пак сега мора да мирува додека и зарасне коската. За опуштање вели дека ќе си ги негува ноктите кои останаа надвор од гипсот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.