Наследникот на српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, Стефан, ја повредил раката додека возел велосипед, поради што сега носи гипс.
Извор близок на семејството на славниот тенисер, рекол дека синот на Новак доживеал несреќа во близина на нивната куќа во Монте Карло и дека после тоа раката му е ставена во гипс. Кога слушнале родителите на Новак што се случило, со првиот авион одлетале во Монако да го видат внукот.
-Стефан возел мал, детски автомобил на патека во близина на нивната куќа во Монако. Иако Јелена цело време пазела на него, тој паднал од велосипедот. Многу плачел, па Јелена веднаш го одвела на лекар. Со преглед е утврдено дека нема преломи, но на Стефан сепак му е ставен гипс од превентивни причини. Веќе следната недела ќе му го симнат гипсот – рекол извор близок на Ѓоковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.