| четврток, 6 декември 2018 |

„Зери“: Хуманитарни организации го внесоа екстремизам во Косово

kosovoПо конфликтот во 1999 година, во Косово пристигнаа многу „хуманитарни организации“, кои под плаштот на хуманост внесоа екстремизам во Косово, пишува приштинскиот весник „Зери“, повикувајќи се на експерти за надворешна политика, безбедност и религиозни прашања, пренесе Танјуг. Според нив, тие организации ја злоупотребиле тешката економска ситуација на жителите на Косово и донеле хуманитарна помош, спроведувана со екстремистички идеи. На косовските институции, кои се одговорни за безбедноста, ќе им биде многу тешко да се справат пред проблеми како екстремизмот и тероризмот, посочуваат експертите.

Претседателот на Уставниот суд на Косово Енвер Хасани смета дека администрацијата на ОН оставила отворени врати за сите видови негативни процеси, започнувајќи од корупцијата, проституцијата, до толеранција на радикални движења – религиозни и идеолошки. Тој додава дека „арапската пролет“ имала влијание и во Косово.

Теологот Зухди Хајзери смета дека тие идеи дошле преку хуманитарни организации, кои делеле различни книги и списанија, а потоа почнале и да ги преведуваат тие книги од арапски на албански.

Според аналитичарот Фадил Кајтази, тој феномен не бил присутен секогаш во косовското општество, туку само во последните 15 години. Тој смета дека тоа е во полза на Белград, а за Приштина ќе создаде многу сериозни проблеми, пишува „Зери“. Органите за безбедност во Косово немаат капацитет да се исправат пред тој феномен, изјави Кајтази, истакнувајќи дека според него, органите за безбедност биле изградени врз партиска и семејна основа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top