| четврток, 6 декември 2018 |

Турција ќе преиспитува дали Германија ја шпионирала

prislusuvanjeТурските власти добро ќе го испитаат пишувањето на германскиот неделник „Шпигел“ дека германската тајна служба БНД ја шпионирала Турција од 2009 година, велат официјални претставници во Анкара, напоменувајќи дека таквата вест треба сериозно да се сфати.

– Сметам дека ова треба сериозно да се сфати. Дефинитивно нашата Влада и Министерството за надворешни работи ќе спроведат истрага по повод изнесените тврдења во списанието „Шпигел“, рече потпретседателот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) Мехмет Али Сахин.

– „Шпигел“ не е списание кое има поволни сништа за Турција. Тоа има многу обоени вести за АКП и посебно за Реџеп Таип Ердоган, наведе Сахин.

Германскиот неделник „Шпигел“ објави дека германската тајна служба ја шпионирала Турција од 2009 година, како и оти случајно снимила најмалку еден телефонски разговор со државниот секретар на САД Џон Кери.

Неделникот претходно објави дека БНД добила список со десет земји во кои треба да се води разузнавачка дејност уште од 2009 година, а на тој список фигурирала и Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top