Раководството на опозициската СДСМ, заморено од бојкотот на парламентот по загубениите избори, летото го поминува на грчките плажи. Најистакнатите лица на опозицијата, кои се најгласни во критиките за економските реформи и зафати во земјава, потоа за режимот кој ги осиромашува, како и за сите зафати во државата за кои велат дека ја оддалечуваат Република Македонија од евроинтегративниот процес, немаат проблем летото да го минат кај јужниот сосед, главната пречка за приемот во НАТО и за почетокот на преговорите за полноправно членство во ЕУ.
Иако се криеше од јавноста, информацијата за тоа дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев летувал во Грција одекна во јавноста, но и отвори дополнителни прашања. На пример, дали навистина Заев има имот во Грција? Дали на тој имот, во таа куќа, летото го минале раководството на македонската опозиција, надополнети со јавни личности меѓу кои и новинари? Дали на песочните грчки плажи „се кова“ нова стратегија за освојување на власта во Македонија? Како ли тоа изгледа во очите на Грците? Дали за време на тие летни вечерни „седенки“ можеби не присуствувале и некои „грчки соседи“ со кои можеби разговорите добиваат на друга тежина? Дали Заев на евентуални такви седенки би им го повторил ставот изнесен за Република дека „Грција е навистина лоша“ или би зборувал за „режимот во Македонија“? Дали таквото „тајно работно лето“ е на личен трошок, партиски трошок или пак е донација од друго потекло?
Сега за сега, од СДСМ нема конкретни информации кој каде летувал, дали Заев навистина има имот во Грција и како владее со него? Дали и второто име во македонската опозиција Радмила Шекеринска навистина била на југ, но и зошто не открива каде? Портпаролот Петре Шилегов исто така бил на одмор во Грција, тоа и самиот го потврдува за Република, но не и дали бил на гости кај Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!


