
Американската држава Минесота е помалку чудна кога е во прашање локалната политичка сцена. Пред неколку недели Ерик Милер победи на изборите за градоначалник на градчето Дорсет. Не беше ни толку чудно што тој има 16 години, колку што беше чудно дека тој со својот избор го симна од власт дотогашниот градоначалник, кој има само пет години.
Истовремено, во градот Коромарнт имаше локалени избори и таму за градоначалничката функција победи седумгодишниот Дјук. Тој е куче. Дјук изборите ги доби со двојно повеќе гласови од неговиот противкандидат Ричард Шербрук, сопственик на локалната продавница. Шербрук, пак, нема ништо против изборот на неговиот сограѓани.
– Ќе го поддржам Дјук во целост. Тој е вистински спортист, сака да лови. Мислам дека ќе го заштитува градот колку што може, вели Шербрук, додавајќи дека и самиот тој гласал за неговиот противкандидат.
Дјук утре фицијално ќе положи заклетва, а продавниците за храна за миленичиња веќе почнаа да „лобираат“ испраќајќи и нудејќи годишни залихи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


