| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се реконструира сообраќајната лента пред станицата „Рекорд“

рекорд

Екипите на Град Скопје од утре ги почнуваат градежните работи за реконструкција на крајната сообраќајна лента на улицата Димитрие Чуповски, пред автобуската станица „Рекорд“, наспроти Театарот за деца и младинци.

Оваа сообраќајна лента ќе се реконструира во должина од 60 метри, пред и по автобуското стојалиште.

Во текот на градежните работи стариот вдлабнат и оштетен асфалт ќе се изгребе и ќе се нанесат три асфалтни слоја.

За време на реконструкцијата, како привремено автобуско стојалиште ќе се користи крајната сообраќајната лента, пред постојното автобуско стојалиште, односно пред пешачките семафори при вкрстосување на улиците „Димитрие Чуповски“ и „Македонија“- старата позиција на постојката на „Рекорд“.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено воведениот режим, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

На реконструкција на крајната сообраќајна лента на улицата Димитрие Чуповски, пред автобуската станица „Рекорд“, наспроти Театарот за деца и младинци ќе работат екипите на градежната компанија „Бетон АД“, а Градот Скопје за овој зафат ќе потроши околу милион денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top