| четврток, 6 декември 2018 |

Единаесет цивили загинаа во Донецк

дон
Единаесет цивили загинаа, а осум се ранети во изминатите 24 часа, во гранатирање на Донецк од страна на укрианските сили, соопштија денеска локалните сепаратистички власти.
Судири меѓу проруските и украинските сили синоќа имало во централните и во западните делови на градот, кои се наоѓаат под контрола на сепаратиситите.
Жестоки судири имало и во предградие на второто големо упориште на проруските сили, Луганск.
Сепаратистичките власти вчера објавија дека во претходните 72 часа загинале 74 цивили.
Од почетокот на судирите во источна Украина, пред четири месеци загинаа повеќе од две илјади лица, а околу 285.000 беа принудени да ги напуштат своите домови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top